Find best premium and free Magento themes at Design4Magento.com

Статус на студентот


Статусот на студент се стекнува со запишување на додипломски, последипломски и докторски студи на Факултетот на претходно објавен конкурс од страна на Универзитетот.

Статусот на студент се докажува со индекс или студентска легитимација.

Редовни и вонредни студии

Студентите на Факултетот за безбедност може да бидат: редовни и вонредни.
Редовните студенти може да се запишат како: студенти кои ги финансира државата (студенти во државна квота) и студенти со самостојно финансирање (студенти во приватна квота). Студентите во државната квота имаат право да повторуваат иста студиска година само еднаш. Ако два пати ja повторуваат годината, овие студенти преминуваат во приватна квота.

Вонредните студенти студираат како студенти со самостојно финансирање (во приватна квота).

Во текот на студирањето, редовните студенти имаат право да се префрлат како вонредни студенти поради две причини: вработување или болест. Префрлувањето се врши при запишувањето на секој семестар при што студентот треба да достави молба во архивата на Факултетот, заедно со соодветна документација (формулари за вработување - М1/М2 или лекарско уверение).

Вонредните студент немаат право да се префрлат во редовни студенти.

Промената на статусот на студентите од редовен во вонреден студент, по правило, се врши на почетокот од семестарот, т.е. кога се врши запишување на соодветниот семестар. 


Дисциплинска одговорност на студентите

Во текот на студирањето, секој студент е должен да ги почитува законите, статутот на Универзитетот и правилата на факултетот. Ако студентот го наруши редот, тогаш тој одговара пред дисципинската комисија.

Како лесни дисциплински повреди се сметаат:

  • нарушување на редот и мирот за време на часовите
  • непристојно однесување кон наставниот кадар и кон студентите
  • пријавување присуство на часовите за друг студент
  • оштетување на имотот на факултетот (за штета до 100 евра)

Како тешки дисциплински повреди се сметаат:

  • препишување со електронски уреди (телефон и сл.)
  • препишување со книги, ливчиња и др.
  • давање помош на друг студент за време на испитот
  • поднесување туѓ стручен, семинарски или дипломски труд
  • физички напад врз студент, соработник или наставник
  • вербална навреда врз соработник или наставник
  • упад во информатичкиот систем на факултетот
  • давање неточни податоци на службите на факултетот
  • оштетување на имотот на факултетот (штета над 100 евра)
  • повторени лесни дисциплински повреди

За направените дисциплински повреди, на студентот може да му будат изречени следниве казни:

  • опомена
  • јавна опомена
  • исклучување од факултетот до крајот на учебната година
  • забрана за полагање испити и колоквиуми (од една до три сесии)
  • повторно запишување на предметот

Студентски правобранител

На Универзитетот е формиран студентски правобранител заради заштита на правата на студентите. Студентскиот правобранител работи врз основа на Статутот на Универзитетот и Правилникот за студентски правобранител и постапува по барање на студентот доколку е повредено некое право од лицата вклучени во наставно-образовниот процес, од страна на факултетот или универзитетската администрација.

Линкови

Следете не

Кратко видео

Контакт