Одржано предавање од страна на амбасадорката на Република Хрватска, г-ѓа Данијела Баришиќ
Во рамките на активностите на Дипломатскиот Форум на Факултет за безбедност при Универзитет Св.Климент Охридски-Битола, на 20.3.2018 (Вторник), во 11 часот во големиот Амфитеатар, гостин ни беше амбасадорката на Република Хрватска, г-ѓа Данијела Баришиќ. Темата на нејзиното предавање беше „Евроатлантските интеграции: процесот на пристапување и членството во ЕУ". По предавањето се отвори жива дискусија за неколку прашања поставени од професорите и студентите на Факултетот вклучително и околу реформите на безбедностниот сектор во Република Хрватска, Словенечко-Хрватските односи околу спорот за Пирански залив, емиграцијата како предизвик по пристапот во членство на ЕУ и други. По дискусијата деканот на Факултет за безбедност проф.д-р Никола Дујовски и врачи благодарница на Амбасадорката. Инаку амбасадорката Баришиќ била гласноговорник на претседателот Стипе Месиќ, на потпретседателката на Владата на Република Хрватска Весна Пусиќ, како и Амбасадор на Република Хрватска во Бугарија. 

  • Image Description for 0ee55ad3-b4a4-4b45-85a8-2983f5dea740.JPG
  • Image Description for 0833a149-bb2c-4216-ae82-49f915442577.JPG
  • Image Description for d0d179e2-b6d4-41c1-a03b-cc28f1a48ba4.JPG
  • Image Description for 0ada69b8-1478-45d5-aa61-0e1bdec9aed1.JPG
  • Image Description for 62b5e7de-be51-4623-8efb-cb7fab8b58f2.JPG
  • Image Description for 05b957e0-09d0-40ee-bdcb-a0d138fc0db3.JPG
  • Image Description for bf814812-5fc1-47aa-baa7-49a26cb48f35.JPG
  • Image Description for 372ed60a-f573-495d-a1da-38b9b7482513.JPG