Се известуваат редовните и вонредните студенти на Факултетот за безбедност насока Криминалист да се обратат во Службата за студентски прашања за да изберат изборни предмети за III и V семестар за академската 2012/13 година.
Факултет за безбедност - Скопје Овој web site е подготвен за да им послужи на кандидатите кои сакаат да студираат на Факултетот за безбедност, како и за потребите на редовните и вонредните студенти.
Овде можете да ги најдете сите информации во врска со начинот на студирање, студиската програма, повеќето реализирани проекти и научно истражувачки дејности.
Факултетот за безбедност – Скопје е јавна висоокообразовна установа во состав на Универзитетот Свети Климент Охридски – Битола со цел да врши високообразовна дејност од прв, втор и трет циклус на студии, научно-истражувачка и апликативна високостручна дејност во подрачјето на науките од безбедноста, како и во сите научни полиња што се во врска со основната дејност на Факултетот.
На ден 28.05.2012 (понеделник) на Факултетот за безбедност - Скопје ќе се одржи информативен ден за новите заинтересирани кандидати кои сакаат да се запишат на Факултетот за безбедност во академската 2012/2013 година.
Распоред за Втор колоквиум за БФК – Скопје 2011/2012
Распоред за Втор колоквиум за Криминалист – Скопје 2011/2012
К О Н К У Р С ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ ВО ПРВА ГОДИНА НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ,,СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА ВО АКАДЕМСКАТА 2012/2013 ГОДИНА











